ВФМ ги прогласи најдобрите

Година во знакот на Лефков и Петрески

Федерацијата која прославува 70 години постоење на една свечена церемонија ги прогласи најдобрите за 2016 година

објавено: 26 јануари 2017 - 21:10

Велосипедската федерација на Македонија ги прогласи Никола Лефков и Филип Петровски за најуспешни натпреварувачи во сениорска конкуренција во 2016 година. ВФМ во годината кога одбележува 70 години постоење, на една свечена церемонија ги даде признанијата за најуспешните во изминативе 12 месеци.

Лефков, кој е член на клубот „Енерџи", беше најуспешен на друмските патеки. Додека, пак, со вакво признание, но кај јуниорите, односно кадетите се здобија Денис Колевски и Александар Чавлевски. Зоран Ристевски и Анета Антовска ја добија наградата „мастерс" за 2016 година. Кај екипите најдобар беше „Вело М" од Куманово.

Во конкуренција на планински велосипедизам, најдобар сениор е Фили Петрески од „Оксижен", додека мастерс признанието е за Љубиша Кондев во машка, односно Анета Антовска. На планинските патеки доминираше „Оксижен" од Скопје.

Најново во Други спортови