НЕВЕРОЈАТНИОТ „ПИТА“ НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАВА

„ГОЛИОТ" ТАУФАТОУФА СИ ПРИЗНАВА: Не знам могу работи за снегот...

За Пита Тауфатоуфа кој го ноеше знамето на Тонга на отворањетона Зимските oлимписки игри, се спрема за натпреварите во скијачко трчање, ова ќе биде само 13. недела помината на снежна покривка во животот.

објавено: 14 февруари 2018 - 19:35

На отворањето на Игрите, на температура далеку под нулата, беше „гол до појасот", а притоа и добро премачкан со некои масла, секако за полесно да го поднесе тоа.

„Кога го носев знамето сакав да ја претставам илјада години долгата историја на својот народ. Ако моите претци можеле да пловат по океани незнаејќи каде ќе стигнат, тогаш и јас, барем 25.минути можам да поминам без да носам маица"- кажа Таутатофуа

На Олимписките игри во Рио де Жанеиро, овој натпреварувач од Тонга се бореше во таеквондо, а во Пјонгчанг ќе се натпреварува во скијачко трчање.

„Не знам многу работи за снегот, но учам. Само 12. недели поминав на снегот за целиот мој живот. Во петок ќе бидат полни 13. Нема да се откажам. Да бидам искрен, медалот е далеку. Но за четири години можеби некој друг од Тонга же биде во прилика“.

Трката на 15 километри слободно на која ќе учествува Пита, ќе се вози во петок.

Најново во Други спортови