ЕВРОПСКИОТ ПРВАК НЕ ЈА ДОБИ ГЛАВНАТА НАГРАДА

Град Скопје без пардон: Јаневски и Николовски имаат поголеми достигнувања од РК Вардар

Град Скопје вечера ги додели главните 13-ноември признанија. Иако потајно се надевавме дека можеби и РК Вардар во последен момент ќе се најде меѓу добитниците, сепак тоа не се случи. Тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски ги подигнаа наградите. Според Град Скопје, ова се двете спортски личности кои имаат најголеми придонеси ви областа на спортот.  

објавено: 14 ноември 2017 - 11:30

Пишува: Марија Ковачева

Град Скопје вечера ги додели главните 13-ноември признанија. Иако потајно се надевавме дека можеби и РК Вардар во последен момент ќе се најде меѓу добитниците, сепак тоа не се случи. Тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски ги подигнаа наградите. Според Град Скопје, ова се двете спортски личности кои имаат најголеми придонеси ви областа на спортот.

„Спортмедиа“ уште еднаш потенцира дека не ги занемарува или пак омаловажува достигнувањата на Јаневски и Николовски, но стои цврсто на ставот дека единствениот тим кој оваа година најмногу придонел за развојот на спорт во Македонија, и во моментов е нашиот најголем амбасадор и гордост  - Е РК ВАРДАР.

На добитнциите во областа на спортот им честитаме, а на новите власти во Град Скопје им порачуваме во иднина да не ги повторат овие катастрофални грешки, а уште помалку за изговор да го земаат правилникот за аплицирање за наградите „13 Ноември“ и да не се води според пропишаните членови, туку ваквите признанија да им ги додели на оние кои најмногу заслужуваат.

    

 

Најново во Други спортови