ШВАЈЦАРКАТА НАЈБРЗА ВО СУПЕР-ЏИ ТРКАТА

Гут се врати на победите во Вал Д’Изер

Шампионката од Светскиот куп во алпско скијање, Швајцарката Лара Гут се врати на победите преку триумфот на супер-џи трката во Вал Д'Изер

објавено: 18 декември 2016 - 12:00

Гут беше за 13 стотинки подобра од Тина Вајратер од Лихтенштајн за да стигне до својата 21. победа во кариерата и втора оваа сезона по победата во Лејк Луис, Канада, исто така во супер-џи. Подиумот го комплетираше Италијанката Елена Куртони со 1.21 секунди послабо време.  Словенката Илка Штухец, која нанижа четири победи оваа сезона, овојпат беше само седма.

Со победата Гут се доближи на само шест поени зад Американката Микаела Шифрин во генерален пласман (498-493). Додека Гут своите поени ги освојува во брзинските трки (спуст и супер-џи), Шифрин доминира во техничките дисциплини (слалом и велеслалом). Штухец е трета со 481 поен, додека четврта е Италијанката Софија Гоџија со 467 поени.

СУПЕР-ЏИ (Ж) - ВАЛ Д’ИЗЕР (ФРА)

1.Лара Гут (Шва) 1:23.24

2.Тина Вајратер (Лих) +0.13

3.Елена Куртони (Ита) +1.21

4.Надја Фанкини (Ита) +1.24

5.Теса Ворлеј (Фра) +1.32

Најново во Други спортови