И НАТАМУ Е ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

ХАБИБ МУ ПОРАЧА НА ВАЈТ: Имаш среќа што ми го даде појасот, ќе ти го смачкав автомобилот“

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во УФЦ 229 со победа над Конор Мекгрегор.

објавено: 10 октомври 2018 - 09:00

Неговата победа малку ја засени „излетот“ во публиката каде тргна да се пресмета со тренерот на противникот, кој постојано го навредуваше. Претседателот на УФЦ, Ден Вејт поради безбедносни причини одлучи да не му го даде појасот на Хабиб Нурмагомедов.

Сепак, неколку дена по мечот го доби појасот, а на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија која привлече големо внимание.

Хабиб позираше покрај автомобилот на првиот човек на УФЦ и напиша:

„Ден, среќа што ми го даде појасот, во спротивно ќе го смачкав автомобилот, знам каде се паркираше“.

По сето она што се случуваше во Лас Вегас, Хабиб ја очекува одлуката на Атлетската комисија во Невада која ќе го казни за пресметката надвор од рингот, а до тогаш хонорарот му е целосно замрзнат.

 

 
 
 
View this post on Instagram

@danawhite you lucky that you give my belt, or I would smash your car, I know your parking location#SendmeLocaition

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) onOct 9, 2018 at 1:02pm PDT

Најново во Други спортови