ЗАВРШИ ПОБЕДНИЧКАТА НИЗА НА МЛАДИОТ СЛОВЕНЕЦ

Хајбек го победи Домен Превц

Австриецот Михаел Хајбек успеа да го победи 17-годишниот лидер во генерален пласман, Домен Превц на индидвидуалното натпреварување на големата скокалница во швајцарскиот Енгелберг

објавено: 17 декември 2016 - 18:05

До петтиот триумф во Светскиот куп, Хајбек стигна со скокови од 138 и 134 метри, заддржувајќи го првото место по првата серија со вкупно 304.7 поени. Домен Превц, помладиот брат на шампионот од Светскиот куп, имаше фантастичен втор скок од 137.5 метри за да скокне од осмото место по првата рунда (со 132 метри) да го освои второто место со 301.6 поени.

Подиумот во Енгелберг го комплетираше уште еден Австриец, Андреас Кофлер со 293.7 поени (128 и 139.5 метри), додека во топ 5 беа и Норвежанецот Даниел Андре Танде (132.5 и 133 метри) и Јапонецот Даики Ито (135 и 129 метри).

Шампионот Петер Превц беше само 26., а куриозитет беше што првпат на едно натпреварување од Светскиот куп беа тројцата браќа Превц, откако Цене Превц беше 30.

Најново во Други спортови