ЧЕТВРТА ПОБЕДА ВО КАРИЕРАТА НА ШВЕЃАНКАТА

Хансдотер најбрза под рефлекторите во Флахау

Актуелната шампионка од Светскиот куп во слалом, Швеѓанката Фрида Хансдотер конечно стигна до својата прва победа во новата сезона, откако го заддржа водството од првото возење на ноќниот класичен слалом во Флахау, Австрија

објавено: 10 јануари 2017 - 21:54
Хансдотер имаше голема предност во првото возење, за на крајот да ги заддржи нервите и и покрај неколкуте грешки во второто возење да ја победи Норвежанката Нина Лесет за 0.58 секунди. Третото место го поделија Швајцарката Венди Холденер и американската „доминаторка“ во дисциплината, Микаела Шифрин.
 
И покрај ова, Шифрин е убедлив лидер во слалом со 560 поени пред победничката од Загреб, Словачката Вероника Велез Зузулова, која беше петта во Флахау со 435 поени. 
 
СЛАЛОМ (Ж) - ФЛАХАУ (АВТ)
1.Фрида Хансдотер (Шве) 1:51.40
2.Нина Лесет (Нор) +0.58
3.Микаела Шифрин (САД)  +0.78
3.Венди Холденер (Шва) +0.78
5.Вероника Велез Зузулова (Свк) +1.24
 

Најново во Други спортови