АВСТРИЕЦОТ СО ПРВО ЗЛАТО ОД СЕНТ МОРИЦ

Хиршер со велеслаломски триумф, авиони ја одложија трката!

Австриецот Марсел Хиршер стигна до велеслаломската светска титула во швајцарскиот Сент Мориц, откако инцидент со воените авиони на Швајцарија предизвика одложување на трката

објавено: 17 февруари 2017 - 15:00

Второто возење на Корвиља патеката беше одложено за половина час, откако еден авион на Швајцарското воздухопловство кој тренираше над Сент Мориц, удри го кабел на ТВ-камерата, која падна на финишот, за среќа на место каде што немаше никој.

Хиршер, кој беше лидер и по првото возење, имаше спектакуларно второ возење за да победи со комбинирано време од 2:13.31, пред сонародникот Роланд Лајтингер со 0.25 секунди послабо време и Норвежанецот Леиф Кристијан Хауген, кој заостана 0.71 секунди.

Ова е петта светска титула во кариерата за Хиршер, по триумфот во слалом и во тимската трка во Шладминг во 2013, и во комбинацијата и во тимската трка во Бивер Крик во 2015 година. Тој исто така е на добар пат да освои шести рекорден триумф во генерален пласман во Светскиот куп.

ВЕЛЕСЛАЛОМ (М) - СП СЕНТ МОРИЦ (ШВА)

1.Марсел Хиршер (Авт) 2:13.31

2.Роланд Лајтингер (Авт) +0.25

3.Леиф Кристијан Хауген (Нор) +0.71

4.Хенрик Кристоферсен (Нор) +0.76

5.Филип Шергхофер (Авт) +0.85

Најново во Други спортови