денеска започнува турнирот во австрија

Хокеарите по петти пат „бркаат“ пласман на Светско првенство (ФОТО)

Македонската хокеарска репрезентација од денеска ги започнува квалификациите за пласман на Светското првенство во инлајн хокеј за идната година. Квалификациите се играат во Штеиндорф, Австрија, а домаќин на Светското првенство ќе биде Братислава, Словачка.

објавено: 22 јуни 2016 - 10:27

Квалификациите се играат по турнирски систем, секој со секого во двете одделни групи, а на Светското првенство ќе се пласира само најдобрата репрезентација. Пообедникот од групата на Македонија ќе го игра одлучувачкиот натпревар против победникот од другата група во која играат Белгија, Латвија, Турција и Израел.

Нашата репрезентација за првото место во групата ќе се бори против Бугарија, домаќинот Австрија и Србија. Првиот натпревар се игра денеска од 16 часот против Бугарија, утре следува дуелот со Австрија, а в четврток ја затвораме групната фаза со дуелот против Србија.

Maкедонската репрезентација досега четири пати има учествувано на квалификациски турнири, но освен тоа што никогаш не успеала да се пласира на Светско првенство, сѐ уште ја чека првата победа од ваквите турнири. Сепак, годинава се надеваме дека конечно нашите хокеари ќе нѐ израдуваат, а десетдневните подготовки во Јесенице ни влеваат надеж да се надеваме на такво нешто.

Селекторот Јуре Внук по првата прозивка мораше да го скрати списокот од 23 хокеари на 14, а на конечниот список се најдоа: Александар Петров, Рок Шарлохар, Ивица Тасков, Стефан Децковски, Јуре Стопар, Рок Симсич, Давор Анастасов, Влатко Атанасов, Дмитриј Прокудин, Јернеј Пејановиќ, Кристијан Ташевски, Лука Урбас Кристијан Грчевски, Нејц Турк, Боштјан Кос и Иван Бачовски.

По десетдневните подготовки во Словенија, нашата селекција вчера го одржа и првиот тренинг во салата во Штеиндорф.

Најново во Други спортови