Совладан и главниот конкурент

Хокеарите редат победи, падна и Португалија

Вечерва играме со најслабата селекција во групата за пласман во финалето.

објавено: 20 ноември 2018 - 12:34

Македонската хокеарска репрезентација ја оствари и третата победа на „Развојниот Куп“ во Фисен, Германија, кој се одржува за малите земји кои немаат свои затворени лизгалишта. По вчерашните победи над Ирска и Андора, нашите хокеари денеска славеа и над главниот конкурент за првото место, селекцијата на Португалија со 5-4.

Со оваа победа, македонија завршуѕва на првото место во групата, па попладнево како првопласирана ќе игра со најслабата селекција по овој дел, веројатно селекцијата на Андора. Победникот од овој меч и вториот дуел меѓу второ и третопласираната селекција, утре ќе се борат за првото место и златните медали.

 

Најново во Други спортови