ОЛИМПИЈАДАТА СПОЈУВА, ОДАМНА ПОЗНАТ ФАКТ

ХОКЕЈОТ ГИ ОБЕДИНИ: Северна и Јужна Кореја во ист тим

Зимските Олимписки игри почнуваат на 9. февруари, а на хокеарскиот турнир во женска конкуренција ќе се натпреварува обединета екипа на „лутите непријатели".

објавено: 19 јануари 2018 - 08:00

Претставници на Јужна и на Северна Кореја се договорија за заеднички настап на женската хокеарска селекција на Зимската олимпијада која стартува на 9. февруари.

Според договорот, во составот на овој комбиниран тим, од Северна Кореја ќе има најмалку три, а максимално осум хокеарки.
Конечната потврда за заедничко учество ќе даде Меѓународниот олимписки комитет на сотанокот на 20. јануари. А во носењето на одлуката освен претставник на МОК, претседателот Томас Бах, ќе учествуваат и претставници на Организацискиот комитет на игрите во Пјончанг.
Претходно официјалните лица на двете држави се сложија на свеченото отворање на Игрите (9-25.февруари) да се појават под едно заедничко знаме, а делегацијата на Северна Кореја би требало да брои 550. членови.

Најново во Други спортови