Беше голема британска надеж за злато

Игрите уште не почнаа, а и се случи голем малер - Заврши олимпискиот сон за Кети

Кети Ормеруд беше најголемата британска надеж за златни олимписки медали, но сонот за одличје воп Пјонгчанг и заврши уште пред да почнат Игрите

објавено: 9 февруари 2018 - 17:10

Кети Ормеруд беше најголемата британска надеж за златни олимписки медали, но сонот за одличје воп Пјонгчанг и заврши уште пред да почнат Игрите.

На тренинг познатата британска натпреварувачка во сноуборд, заработи двојна скршеница, во два дена и нема да се трка за медалите.

„Скршена сум потполно. Толку се радував што ќе учествувам на Игрите во Пјонгчамг, но сето тоа се распрсна како меур. Ќе чекам нова шанса и ќе морам прво да закрепнам, па потоа и да работам напорно“, изјави Кети.

И нејзината приказна во Пјонгчанг е навистина тажна. На првиот тренинг падна и заработи скршеница на зглобот на раката, се обиде повторно да тренира и во нов пад го скрши глуждот на ногата.

Најново во Други спортови