СЛЕДНАТА ОЛИМПИЈАДА ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ ВО ПЈЕОНГЧАНГ

ИОЦ ја следи корејската криза

Тензиите околу Северна Кореја се „следат", велат од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), додека траат подготовките за Зимските олимписки игри во февруари во Јужна Кореја

објавено: 11 август 2017 - 11:30

Низата обвинувања меѓу Северна Кореја и САД се зголемија по тестирањето на две ракети во јули, а во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека Севернокорејците ќе бидат „пречекани со оган и гнев“ ако се закануваат на САД. Северна Кореја претходно најави дека има минијатурно нуклеарно оружје со која може да го нападне островот Гуам, инаку територија на САД.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-Ин во јули најави дека сака Северна Кореја да учествува на Олимпијадата, иако ниту еден од нивните спортисти се нема квалификувано.

Најново во Други спортови