НА СОСТАНОКОТ НА ОЛИМПИСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО ПЕРУ

ИОЦ потврди: Париз со Игрите во 2024 и Лос Анџелес во 2028

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) го потврди тоа што се очекуваше во изборот на следните два града домаќини на Олимписките Игри - Париз ќе биде домаќин во 2024 година, додека Лос Анџелес ги добива Игрите во 2028 година

објавено: 13 септември 2017 - 19:56

По три неуспешни кандидатури и повлекувањето на главниот ривал Лос Анџелес, Париз ја доби поддршката на состанокот на ИОЦ во Лима, Перу, додека Лос Анџелес уште во јуни се договори со ИОЦ да ја добие организацијата на Игрите во 2028 година.

Париз и Ел-Еј беа последните две кандидатури по бурниот процес во кој низа градови се повлекоа од трката, како Рим и Будимпешта, најмногу поради огромната финансиска обврска.

Париз последен пат беше домаќин на ОИ во 1924 година, а неуспешно се обидуваше да ги добие Игрите во 1992, 2008 и 2012 година. Лос Анџелес беше домаќин на ОИ во 1984 година

Најново во Други спортови