Раселените ќе се натпреваруваат под олимписко знаме

ИОК: Тим на бегалци ќе настапи и на ЛОИ Токио 2020

објавено: 10 октомври 2018 - 20:50

И на Летните олимписки игри во Токио 2020 ќе има олимписки тим составен од раселени лица и бегалци. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одобри да се формира олимписки тим на бегалци, исто како што имаше ваква делегација и на Игрите во Рио 2016 година.

За разлика од 2016 година, кога во кус период и под огромен притисок беше формирана оваа делегација на спортисти, сега и навремено и со поголема сериозност ќе му се пристапи на овој проблем.

„Во идеален свет, овој тим не треба да постои, но, за жал, причините зошто го создадоа уште на Игрите во Рио 2016 година сè уште постојат", рече Бах.

ИОК издаде изјава во која вели дека ќе обезбеди засолниште за овие луѓе, и можност да се престават пред светскиот аудиториум. Во Рио имаше десет спортисти кои продефилираа под олимпиското знаме и се натпреваруваа во неколку спортови. Имаше двајца сириски пливачи, двајца џудисти од Демократска Република Конго и шест атлетичари (пет на Јужен Судан и еден од Етиопија). 

Најново во Други спортови