Претпоследен турнир во организација на ВКФ

Јакупи и Заборска како главни адути

Каратистите на „Макпетрол" заминуваат за Салзбург каде што следниов викенд ќе земат учество на силниот турнир од Светската 1 премиер карате лига, А-серија.

објавено: 5 октомври 2017 - 21:20

Каратистите на „Макпетрол" заминуваат за Салзбург каде што следниов викенд ќе земат учество на силниот турнир од Светската 1 премиер карате лига, А-серија.

Ова е претпоследниот турнир во организација на ВКФ, (Светската карате федерација), за оваа година. Последниот турнир од А серија, од Светската карате лига, ќе се одржи во Јапонија на Окинава.

Инаку, на овој силен турнирг, кој се одржува во периодот од 8 до 10 октомври, ќе настапат 1.418 натпреварувачи од 86 држава во светот. Според пријавените спортисти скоро во секоја тежинска категорија за да се освои медал, ќе бидат потребни 8 (осум), последователни победи.

За Австрија ќе отпатуваат пет каратисти-ки:

1. Сара Радичевска, категорија -50 кг,пријавени се 65 спортистки
2. Симона Заборска, категорија -55 кг, пријавени се 97 спортистки
3. Наташа Стефановска, категорија -61 кг, пријавени се 107 спортистки
4. Моника Стефановска, категорија -68 кг, пријавени се 76 спортистки
5. Петар Заборски, категорија -75 кг, пријавени се 170 спортисти

Генерално најдобро рангирани Македонски каратисти на Светската ранг листа на ВКФ (Светска карате федерација), во моментот во машка и женска конкуренција се : Берат Јакупи во машка конкуренција е 18 место, и Симона Заборска на 25 позиција .

Конкуренцијата во карате спортот откако тој стана Олимписки спорт е многу голема.. Како податок за масовноста на неколку најдобро рангирани држави во карате спортот е следен : Најбројни во Австрија ќе бидат спортистите од Италија 153, Франција 100, Германија 55, Полска 50, Шпанија 40, Јапонија 37, Швајцарија 37. Америка 25 спортисти

Од Балканските држави најбројни се: Турција 48, Србија 43, Хрватска 41, Б и Х 33, Грција 26, Македонија 24, Црна Гора 17, Косово 13, Бугарија 6 , Албанија 1 спортисти.

Најново во Други спортови