БРИТАНЕЦОТ ОСТАНА ЛИДЕР НА ЏИРО, ПРЕДНОСТА МУ Е ПРЕПОЛОВЕНА

Јејтс го „преживеа“ хронометарот

Јејтс имаше предност од 2,11 минути пред Думулен, сега има плус од 56 секунди

објавено: 22 мај 2018 - 17:17

Рохан Денис од Австралија е победник на денешната хронометарска етапа на трката околу Италија, тој имаше време од точно 40 минути, а причина за задоволство имаше и Британецот Сајмон Јејтс, бидејќи ја задржа розевата маичка и остана првопласиран во генералниот пласман. Том Думулен имаше заостанување поголемо од две минути зад Јејтс, и не успеа да го надомести, туку само да го преполови. 

Индивидуалниот хронометар кој беше 16-та етапа на Џиро 2018, се возеше од Тренто до Роверето, во должина од 34,2 километри. На врвот во генералниот пласман, Јејтс има предност од 56 секунди во однос на Думулен, трети е Доменико Поцовиво со 3,11 минути заостаток, а четврти е Крис Фрум со 3,50 минути послабо вкупно време од лидерот. 

Утре се вози релативно лесна етапа од 155 километри, бидејќи во финишот е рамничарски дел и веројатно завршен спринт ќе одлучува за победникот на етапата и не би требало да има сериозни измени во генералниот пласман. 

Најново во Други спортови