БРИТАНЕЦОТ СО ПОБЕДА НА ТЕШКА ЕТАПА

Јејтс потврди зошто е во розевата маичка

Британецот засега е најдобар, но до крајот има уште многу тешки етапи и хронометри кои може да сменат во генералниот пласман

објавено: 13 мај 2018 - 17:30

Сајмон Јејтс со победа на денешната етапа, ја задржа розевата маичка како лидер во генералниот пласман на Џиро д`Италија. Јејтс има 32 секунди предност пред клупскиот колега Естебан Чавез, а Том Думулен е трети со 38 секунди заостанување. Помалку од една минута зад Јејтс заостануваат и Тибо Пино и Доменико Поцовиво. Во денешната етап киксираа Крис Фрум и Фабио Ару, кои веќе не се меѓу најдобрите 10 во генералниот пласман. Утре е слободен ден, а следната етапа (239 километри) која не е многу тешка, се вози во вторник. 

Најново во Други спортови