И Калгари се откажа од трката за Зимската олимпијада

Канаѓаните гласаа против организација на ЗОИ 2026!

56 отсто од гласачите ја отфрлија идејата за органзиација на ЗОИ 2026 во услови на висок одѕив на референдумот.

објавено: 14 ноември 2018 - 19:00

Жителите во канадскиот град Калгари силно гласаа против идејата да бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година. Повеќе од 56 отсто од гласачите ја отфрлија идејата во услови на висок одѕив на референдумот.

Гласањето на Калгари сега ги остави шведскиот главен град Стокхолм и италијанската комбинација Миланo и Кортина Д'Ампецо, како единствени кандидати. Интересот за организаирање на летни или зимски олимписки игри е толку паднат, поради големите трошоци, кои практично не носат никаков плус за организаторите.

Швајцарскиот град Сион, Сапоро од Јапонија и Грац во Австрија, исто така се повлекоа од наддавањето за организатор на Игрите 2026 година.

Најново во Други спортови