ЕКВАДОРЕЦОТ ПРВПАТ ВО КАРИЕРАТА ДОБИ ЕТАПА НА ГОЛЕМА ТРКА

Карапаз е „дождовниот човек“ на Џиро

Лидерот во генералниот пласман, Сајмон Јејтс, заостана 7 секунди зад победникот

објавено: 12 мај 2018 - 17:35

Еквадорецот Ричард Карапаз со 7 секунди предност триумфираше на осмата етапа од годинешната трка околу Италија, и сега е на осмо место во генералниот пласман, претекнувајќи го Крис Фрум. Карапаз беше дел од една група, но на 1,5 километри до крајот нападна и со соло трка успеа по дождливото и студено време да мине прв низ целта. 

Лидерот во генералниот пласман, Сајмон Јејтс, заостана 7 секунди зад победникот, но остана во розевата маичка. Утрешната етапа е уште потешка, ќе се возат 225 километри, а целта е на нагорнина, па можни се промени во генералниот пласман. 

Најново во Други спортови