НАЈДОБРИТЕ ВО 2016 ГОДИНА, ВО ИЗБОРОТ НА „СПОРТМЕДИА“

Кариера полна со успеси – Томи Стефановски

Победа на Охридскиот маратон, „Гран При" титула во првенството и влез во Куќата на славните – Стефановски сето ова го оствари во 2016 година, која е негова најдобра, но, и последна во кариерата

објавено: 24 декември 2016 - 09:30

Ретки се спортистите во Македонија кои што со својата кариера можат да ги инспририраат младите генерации.

Еден од таквите е и Томи Стефановски, пливачот кој имаше неверојатна 2016 година. На 45-годишна возраст, по безброј повреди и операции на своето тело, Стефановски направи подвиг, кој е вистинска реткост.

Во една година, Томи успеа да оствари победа на Охридскиот маратон, прва во својата кариера, а неколку седмици потоа дојде и титулата во „Гран При" серијата на ФИНА.

Освојувајќи вкупно 40 бодови, најдобриот македонски, но и светски пливач се искачи на првото место во генералниот пласман. Во 2016. година за која уште пред да дојде, најави дека ќе се пензионира Стефановски остави длабока трага.

Сепак, на вчерашната церемонија, Томи не ја освои наградата Спортист на годината, која замина во рацете на уште еден великан, Кире Лазаров.

ПРВ МАКЕДОНЕЦ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ НА ФИНА
На почетокот од минатиот месец, Стефановски присуствуваше на свечена церемонија во Лос Анџелес, каде што беше примен во Куќата на славните на ФИНА.

Македонецот со своите подвизи дефинитивно остави голем траг во маратонското пливање, а тоа знаеа да го препознаат и челните луѓе на Светската пливачка федерација, кои што му дадоа највисоки почести.

Најново во Други спортови