НА БАЛКАНИЈАДАТА ЗА ЈУНИОРИ И КАДЕТИ ВО ЗЕНИЦА

Кинез ја претставува Македонија во пинг-понг

Даниел Џоу има татко Кинез и мајка Македонка

објавено: 6 јуни 2018 - 12:30

Од денеска до 10 јуни во Зеница, БиХ, ќе се одржи Балканското првенство за јуниори и кадети во пинг-понг. Селектор на македонската репрезентација Сашко Богатинов, во составот уфрли и еден играч чиј татко од Кина, земјата каде што се игра најквалитетниот пинг-понг на светот.


„Во кадетската репрезентација се наоѓа и Даниел Џоу. Неговиот татко е од Кина, а мајка му битолчанка. Верувам дека ќе постигне добри резултати во Зеница. Со него е и Лука Стојчев. Во младинска конкуренција ќе играат Дамјан Стојчев, Александар Рикаловски и Методија Бужаровски. Сметам дека имаме шанси за освојување некој медал, иако конкуренцијата ќе биде силна" - вели селекторот Богатинов.
На Балканијадата ќе се појават пинг-понгари од 11 земји (Македонија, БиХ, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија, Турција, Албанија, Косово и Молдавија), со повеќе од 220 учесници.

Најново во Други спортови