ЕПИЛОГОТ НА НАСТАНИТЕ СЛЕДУВА МНОГУ БРЗО

Ќе има казна и за Конор, а Хабиб ќе добие дел од хонорарот (ВИДЕО)

Спортската комисија на Невада со преглед на снимката од општата тепачка во Лас Вегас, која изби после борбата помеѓу Мекгрегор и Нурмагомедов, донесе и први заклучоци...

објавено: 9 октомври 2018 - 18:00

Веројатно најпознатиот спортски суд на светот, Спортската комисија на Невада, ги донесе и првите проценки-заклучоци по она што се случуваше по завршувањето на „борбата на векот" во Лас Вегас во која се бореа Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Нивните впечатоци ги пренесе првиот човек на УФЦ, најмоќната прганизација на ММА борците, на лие 229 случување дојде и до немилиот инцидент, во кој за среќа, немаше потешко повредени лица.

"Тој дефинитивно ќе го задржи шампионскиот појас. Но ќе добие суспензија од четири до шест месеци, а тоа се однесува само на САД. Јас сепак сакам во целост да ја испочитувам нивната одлука, па нема да има борби на Хабиб, барем кога станува збор за УФЦ, ниту надвор од нашите граници"- појасни Дена Вајт. "Спортската комисија на Невада расправаше дали да го задржи целиот хонорар на Хабиб, а чекот е веќе кај нив. Мислам дека нема да биде така, но ќе мора да плати казна од најмалку 250.000 долари".

Казна, по се изгледа, го чека и поразениот во оваа битка, Конор Мекгрегор, кој исто така беше учесник во општата тепачка, и не бил само нападнат од страна на луѓето на Нурмагомедов.
Ирецот се обиде да ја прескокне оградата, за да влета во тепачката. Но некако обезбедувањето успеа да го спречи. За кратко, затоа што на снимката се гледа како Мекгрегор го удира во глава братот на Хабиб, Абубакар.
После тоа во „октагонот" следуваше хаосот, а лудиот Ирец доби и неколку шлаканици, но и удари од соборците на Дагенстанецот, но и тој не остана должен.
Дури и повеќе од тоа, затоа што во полицијата биле задржани и Зубаир Тукугов, ММА борец од Чеченија, и бившиот првак на Русија, Есадула Емирагаев.
Но Ирецот не сакаше да подигне обвинение против овие негови „колеги".
Се очекува Комисијата да го забрза процесот на одлучување и во рок од два дена , наместо вообичаените четири до осум недели, ги донесе конечните заклучоци.
Инаку, Мекгрегор веќе ја доби уплатата од три милиони долари која му следуваше за овој меч. Но и месец дена лекарска суспензија поради повредите кои ги доби за време на мечот, посебно во втората рунда, кога едвај „преживеа".

Најново во Други спортови