ЗА ДА ГО ПОБЕДИТЕ ШАМПИОНОТ, МОРАТЕ ДА ДОМИНИРАТЕ НАД НЕГО..

КОЈ ТОА ВЕЛИ: Еднаш засекогаш да видиме кој е подобар!!!

„Јас бев поагресивен и упатив повеќе ефективни удари. Го видовте најдобриот Фјури, но не сте го виделе најдобриот Вајлдер".

објавено: 6 декември 2018 - 10:00

Фановите на боксот не дојдоа на своето кога Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури влегоа во рингот со цел да покажат кој е подобар, па од него излегоа без одлука за победник.

Кој е подобар боксер од нив двајца и понатаму не се знае, бидејќи мечот официјално е завршен без победник, па појасот остана во рацете на Вајлдер.

Но, се чини дека нема да помине долго време кога двајцата повторно ќе ги одмерат силите во рингот. Истакна Вајлдер дека сака реванш, бидејќи во неодамнешната борба Фјури доминираше во поголемиот број рунди, ако не во најголем дел од нив, и покрај двата нокдауни на Вајлдер...

„На крајот боксот победува, а навивачите се вистински победници и не можат да дочекаат втор меч Вајлдер - Фјури", напиша Вајлдер на Инстаграм.

„За да го победите шампионот, морате да доминирате над шампионот. Упатив повеќе ефективни удари. Го видовте најдобриот Фјури, но не сте го виделе најдобриот Вајлдер. Дали судиското броење започнало три-четири секунди предоцна или траело предолго, се прашууваат многумина", рече Вајлдер.

Американецот вели дека сака да се бори против најдобрите кои се подготвени да се борат со најдобрите.

„Тајсон Фјури е спремен да се бори со најдобрите, затоа што тој е еден од нив. Би сакал повторно да се бориме, да видиме вистински резултат еднаш засекогаш, со цел да им олесниме на луѓето околу ова „контроверзно“ прашање. Кој навистина победи? Да им го дадеме на навивачите она што навистина сакаат да видат и знаат".

Вајлдер би требало да се бори против Ентони Џошуа за обединување на сите тешкашки појаси. Џошуа, имено, и го чекаше победникот на мечот. Но, после најавата за реванш тој двобој сега е под знак прашалник.

Од друга страна, тренерот на Вајлдер, Џеј Дис рече дека сака неговиот боксер уште еднаш да се бори со Фјури пред мечот со Џошуа...

Најново во Други спортови