ИСТРАЖУВАЊЕ НА КОМИСИЈА ЗА МЕСТЕНКИ

Колку и да е неверојатно, Македонија е чиста: Во 2015 нема сомнителен меч во нашиот спорт! (ФОТО)

Колку и да звучи неверојатно, Македонија во 2015 година е чиста околу сомнителни мечеви. Ова го покажа извештајот на Комисијата за спречување на местенки во спортското обложување (ЕССА), која објави листа на сомнителни мечеви низ светот.

објавено: 19 февруари 2016 - 15:46

Дали сме чисти или неинтересни, тоа не знаеме, ама според графиката на ЕССА, Македонија не се споменува никаде. На листата на сомнителни мечеви, нема само фудбал, туку и тенис, во најголем дел, потоа хокеј, пинг-понг, снукер, трки на кучиња...

Најмногу има тениски мечеви, дури 73 од 100-те пријавени сомнителни случаи, но има и фудбалски спорни средби и тоа во блиското опкружување – една во Србија и две во Грција, како и еден тениски меч во Бугарија.

Во минатата година имаше еден обид за местенка со фудбалер на Силекс, Стојанче Велинов, кој сега мина во Брегалница и тој заработи двегодишна условна казна за да не го повтори делото. Според МВР, Велинов се обидел да го „лажира" мечот Металург – Силекс, кој заврши со триумф на кратовци, а тој претходно бил фатен од раководството и пријавен, а не играше на тој дуел.

Најново во Други спортови