ПО ФАНТАСТИЧНАТА ПОБЕДА ВО ОСЛО

Крафт е новиот лидер во Светскиот куп!

Австриецот Штефан Крафт стигна до победа на големата скокалница во Осло, со која го презеде водството во генерален пласман во Светскиот куп откако главниот ривал, Полјакот Камил Стох имаше слаб настап

објавено: 12 март 2017 - 18:04

Крафт ја уништи конкуренцијата со скокови од 130 и 132 метри, со што стигна до победа со 267.5 поени на славната скокалница Холменколен. Германецот Андреас Велингер водеше по првата серија со 133.5 метри, но во втората серија скокна само 127 метри за да заврши како втор со 258.6 поени, а подиумот го комплетираше уште еден Германец, Маркус Ајзенбихлер со 244.1 поени (125.5 и 128.5 метри).

Стох од друга страна, со слабиот скок во втората серија падна од петтото на 22. место со 126 и 114.5 метри. Крафт сега има 31 поен предност пред трите индивидуални натпреварувања во Норвешка следната недела, а на календарот остануваат и скијачките летови во Планица за две недели.

Најново во Други спортови