АВСТРИЕЦОТ ВО ФАНТАСТИЧНА ФОРМА

Крафт ја продолжи победничката низа

Штефан Крафт го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот куп во скијачки скокови со убедлива победа на Гранасен скокалницата во Трондхајм, Норвешка

објавено: 16 март 2017 - 20:10

Крафт во првата серија стигна до 138 метри, додека во втората серија го имаше најдолгиот скок од 142.5 поени за да собере 302 поени и да победи со 7.7 поени предност пред домашниот фаворит Андреас Стјернен, кој имаше скокови од 138.5 и 138 метри. Третото место отиде кај Германецот Андреас Велингер со 289.6 (133 и 141.5 метри).

Со ова се продолжува фантастичната низа на Крафт со која неодамна стана лидер во генерален пласман. Тој имаше една победа во првите 15 натпреварувања од сезоната, но во последните шест недели оствари пет победи и две титули од Светското првенство.

Крафт има 86 поени предност во генерален пласман пред Полјакот Камил Стох, кој беше само петти. До крајот на Светскиот куп има уште четири индивидуални натпреварувања и тоа сите во скијачки летови - две во норвешкиот Викерсунд оваа недела и две на финалето на СК во словенечката Планица.

Најново во Други спортови