ЛЕТАЛНИЦАТА ВО ОБЕРСТДОРФ БЕШЕ ПРЕОПАСНА

Крафт победи, Шлиренцауер заврши во болница

Штефан Крафт забележа уште една победа на леталницата во Оберстдорф, но неговиот австриски колега, трикратниот шампион Грегор Шлиренцауер заврши во болница по тешкиот пад на квалификациите

објавено: 5 февруари 2017 - 19:40

Крафт, по победата на саботното натпреварување, триумфираше и во неделата кога натпреварувањето беше ограничено на една серија поради лошото време. Крафт скокна 235.5 метри за победа пред Германецот Андреас Велингер (кој беше втор и во саботата), иако тој имаше скок од 238 метри. Подиумот го комплетираше словенечкиот ветеран, Јуриј Тепеш.

Шлиренцауер, кој минатата година го повреди коленото и имаше долга пауза, се врати на натпреварувањата во полската Висла пред само три недели. 27-годишниот Австриец имаше далечина од 201 метри пред да падне и остана неподвижен пред да биде однесен во локалната болница. Тој го повредил десното колено, на кое беше на операција минатиот април, но за среќа нема посериозна повреда.

 ХС225 - ОБЕРСТДОРФ (ГЕР)

1.Штефан Крафт (Авт)      232.6 (235.5)

2.Андреас Велингер (Гер)  220.0 (238.0)

3.Јуриј Тепеш (Сло)           215.1 (228.0)

4.Даниел Андре Танде (Нор)             213.0 (225.5)

5.Петер Превц (Сло)           213.0 (224.5)

Најново во Други спортови