УБЕДЛИВ ТРИУМФ НА НОРВЕЖАНЕЦОТ

Кристоферсен ги уништи ривалите

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен ја декласираше конкуренцијата за победа на слаломот од Светскиот куп во магловитиот Аделбоден со разлика од 1.83 секунди

објавено: 8 јануари 2017 - 15:45

Со третата победа оваа сезона, 22-годишниот Кристоферсен се израмни на врвот во генерален пласман во слалом со својот голем ривал, Марсел Хиршер, кој заостана 2.19 секунди на третото место. 34-годишниот Манфред Мелг повторно импресионираше по победата во Загреб, освојувајќи го второто место.

„Можно е да бидам поразен, но не денеска“, изјави актуелниот шампион во слалом.

Ова е 13. победа во кариерата на Кристоферсен и 12. во слаломот.

Најново во Други спортови