ХОЛАНДСКИ ТРИУМФ ВО КАРДИФ

Ларс Бом по вторпат шампион во Британија

Холанѓанецот Ларс Бом ја запечати втората титула од велосипедската Трка околу Британија, откако Норвежанецот Едвалд Боасон Хаген победи на последната етапа до Кардиф

објавено: 10 септември 2017 - 20:20

Боасон Хаген нападна на три километри пред крајот и остана напред и покрај обидот на спринтерите да го „фатат“. Бом (Лото НЛ-Џамбо), кој ја освои и титулата во 2011 година, ја започна етапата во Вустер со предност од 8 секунди пред Штефан Кунг (БМЦ Рејсинг), и успешно го издржа притисокот за одлична победа.

На трката се врати и Марк Кевендиш (Дименжн Дата), во прва трка по Тур де Франс, но се откажа пред последната етапа.

Најново во Други спортови