НА СОВРШЕН НАЧИН ЈА ЗАПОЧНА ОДБРАНАТА НА ТИТУЛАТА

Летечки старт на Штох на Четири скокалници (ВИДЕО)

Полскиот ски скокач Камил Штох триумфираше на првата скокалница во германскиот Оберсдорф

објавено: 30 декември 2017 - 20:55

Полскиот ски скокач Камил Штох на совршен начин ја започна одбраната на титулата на турнејата Четири скокалници Тој триумфираше на првата скокалница во германскиот Оберсдорф.

Штох до првата победа сезонава, а 23. во кариерата, дојде со вкупен скор од 279,7 бодови, благодарение на скоковите од 126 и 137 метри. Второто место со четири бода помалку го зазеде водечкиот во генералниот пласман на СК, Рихард Фрајтаг, додека трет беше вториот полски скокач, Давид Кубацки.

Турнејата Четири скокалници продолжува во понеделник со скоковите во Гармиш-Партенкирхен.
Во генералниот пласман Фрајтаг е на чело со 630 бодови, втор е сонародникот Андреас Велингер со 425 бодови, а Штох има два помалку.

Најново во Други спортови