Сосема спротивно од ланската серија од 10 победи

Летечките од Филаделфија приземјени десетти пат по ред

Екипата на Филаделфија флаерс нема дерман од поразите, а од вчера серијата е 10 меча и десет неуспеси по ред, откако ги надиграа хокеарите на Бостон бруинс

објавено: 3 декември 2017 - 09:01

Екипата на Филаделфија флаерс нема дерман од поразите, а од вчера серијата е 10 меча и десет неуспеси по ред, откако ги надиграа хокеарите на Бостон бруинс.

На домашен терен „летечките“ по десетти пат во низа беа приземјени, а гостите лесно славеа со 3:0.

Мечот беше решен веќе по две третини, кога Бостон со головите на Спунер, Пастрнак и Марчанд ги декласира домаќините и ги закова за дното во Метрополитен Дивизијата.

И што е уште почудно црната серија доаѓа точно во истиот период пред само една година од блескавиот поход на хокеарите на Фили, кои лани во ноември и декември имаа 10 победи по ред.

Филаделфија е двократен НХЛ шампион и прв тим што го освоил Стенли купот, не сметајќи ги оригиналните шест, кои ја формираа лигата. Еден од нив е токму Бостон бруинс, заедно со Торонто мејплифс, Чикаго блекхокс, Детроит редвингс, Монтреал канедиенс и Њујорк ренџерс.

Најново во Други спортови