АМЕРИКАНКАТА СЕ ОДЈАВИ СО СТИЛ

ЛИНДЗИ ВОН: Сè што имам оставив на падините!

Осум светски медали, од кои три злата, три олимписки, од кое најсјајното во Ванкувер и освоени срца на милион навивачи ширум светот – со таков биланс заминува во пензија славната скијачка

објавено: 10 февруари 2019 - 16:00

Линдзи Вон се одјави со стил, односно со освојување на бронзен медал во спуст на Светското првенство во шведски Оре стави крај на својата кариера.

Американката не ги криеше своите емоции по последната трка.

Само сум среќна што стигнав до целта. Ова беше совршен ден за спуст, Дадов се од себе, а тоа беше се што сакав да направам денеска. Морам да признаам дека бев нервозна, како никогаш досега. Тешко ми беше да ги контролирам нервите, а никогаш претходно не сум имала проблем со тоа", коментираше Вон по трката и додаде:
Се што имам оставив на падините. Ништо не остана! Би сакала да е, но денеска не е тажен ден... Ја донесов најтешката одлука во животот, но мора да го прифатам фактот дека неможам да продолжам понатаму. Телото ми е скршено и не може да се поправи."

34-годишната Американка од Минесота, со бронзениот медал стана првата скијачка во историјата која освоила медал(и) на шест светски првенства. Интересно, низата ја почна пред 12 години и тоа токму во шведскиот Оре освојувајќи сребро во спуст и супервелеслаломот.

Вон во кариерата има едно злато и две бронзи на Олимпијадите. Најблескавиот медал го освои на ОИ 2010 во Ванкувер во спуст, а на истите и бронза во супервелеслаломот. Во Пјонгчанг стигна до бронза во спуст.

Вон има две злата, три сребра и три бронзи на Светските првенства во аплско скијање. Златните медали ги освои во 2009 година во Вал д'Изер во спуст и супервелеслалом.

Таа има уште три медали од јуниорските светски шампионати.

Вкупно 14 медали во кариерата, а во Светскиот куп има 82 први места (43 во спуст), 35 втори и 20 трети места на подиумот.

Но она што е најважно освоени срца на милион навивачи ширум светот. Со таков биланс заминува во пензија славната скијачка.

ПОСЛЕДНАТА ТРКА НА ВОН ВО КАРИЕРАТА

 

Најново во Други спортови