ИМА ЈАСНА ЦЕЛ

ЛИНДЗИ ВОН ВЕЛИ: Прво медал на Олимпијадата, потоа рекордот на Стенмарк

Американката која триумфираше на спустот во Гармиш, истакнува дека моменталната цел е освојување на најмалку едно одличје во ПјонгЧанг, а потоа „потера" по делото на легендарниот Швеѓанец.

објавено: 4 февруари 2018 - 21:45

Линди Вон пред себе има една цел. И доколку истата ја реализира, тогаш и дефинитивно ќе му каже збогува на на што најдобро знае да го прави – скијањето.

Една од најдобрите скијачки на денешнината вели дека ќе стави точка на својата кариера дури откако ќе го урне рекордот на Ингемар Стенмарк, кој има остварено 86. победи во Светскиот скијачки Куп.

„Мојата цел е да го урнам рекордот на Ингемар Стенмарк. Се надевам дека тоа нема да трае предолго. Моментално сум фокусирана единствено на освојување на медал во Јужна Кореја. Потоа ќе размислувам на рекордер "- истакнува 33 годишната Вон, која пред трката во Pармиш Партен Кирхен имаше 79. победи.

„Немирната " Вон вели дека поради кариерата е подготвена да го жртвува својот приватен живот.

„Морав да ја прекинам врската во која бев, затоа што ми се важни моите лични цели. За мене секогаш скијањето било број еден околу тоа нема дискусија" - додава Американката со додаток дека сеуште користи антидепресиви.

 

Најново во Други спортови