ОЛИМПИСКАТА ШАМПИОНКА СТРАДА ОД АНОРЕКСИЈА

Липницкаја во пензија на 19 години?

Олимписката шампионка во уметничко лизгање, Јулија Липницкаја се пензионираше од спортот на само 19 години, објавија руските медиуми

објавено: 28 август 2017 - 22:45

Липницкаја стана хит на Олимпијадата во Сочи, кога како 15-годишно девојче помогна Русија да победи во тимското натпреварување и стана најмладата руска зимска олимписка шампионка.

Липницкаја ја известила Руската федерација во уметничко лизгање дека планира да се повлече во април по третманот за анорексија, изјави нејзината мајка.

Вестите за повлекувањето на Липницкаја доаѓаат само еден ден откако актуелната олимписка шампионка, Аделина Сотникова објави дека ќе ја пропушти сезоната и нема да ја брани титулата на Олимпијадата во Пјеонгчанг поради повреда. 

Најново во Други спортови