НА „НАЈТЕШКАТА“ ЕТАПА НА ВУЕЛТА

Лопез повторно „солист“, Фрум убедлив пред Нибали

Мигуел Анхел Лопез (Астана) стигна до својата втора етапна победа на Вуелта Еспања, откако стигна до соло триумф по 129.5 километри од Алкала де Реал до Сиера Невада, во можеби најтешката планинска етапа на овогодишната трка

објавено: 3 септември 2017 - 17:39

Шпанецот стигна на целта со 36 секунди предност пред Русинот Илнур Закарин (Катјуша), кој се одвои од главната група во финишопт и 45 секунди пред Холанѓанецот Вилко Келдерман (Санвеб).

Крис Фрум останува со лидерската црвена маичка откако ја заврши етапата како петти. Италијанецот Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) се обиде да го нападне лидерот на последното искачување, но на крајот дури загуби време - сега е на 1:01 од Фрум. Лопез со победата се искачи на шестото место во генерален пласман и може да се бори за подиум во Мадрид, додека Закарин сега е трет во генерален пласман.

Најново во Други спортови