ОЛИМПИЈАДАТА ПОЧНУВА И ЗА НАШИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ

Македонците на свеченото отворање во Пјонгчанг (ВИДЕО)

Ова е седмо учество на Македонија на Зимските Олимписки игри.

објавено: 9 февруари 2018 - 13:39

Со тројца олимпијци Македонија продефилира на свеченото отворање на 23. по ред Зимски Олимписки игри, кои ќе се одржуваат во јужнокорејски Пјонгчанг.

Ова е седмо учество на Македонија на Зимските Олимписки игри.

Нордиецот Ставре Јада беше нашиот знаменосец на дефилето на околу 3.000 спортисти од 92 земји.

Покрај јада, Македонија на овие ЗОИ ќе ги има и Викторија Тодоровска во нордиско скијање и најискусниот Антонио Ристевски во алпско скијање, кој третпат ќе учествува на зимските олимписки игри.

Најново во Други спортови