ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ НА ПРВЕНСТВОТО ВО ЦРНА ГОРА

Македонија е втора карате репрезентација на Балканот

Македонските карате надежи освоија вкупно 30 медали – 9 злата, 9 сребра и 12 бронзи на 18. Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, одржано во Херцег Нови.

објавено: 11 декември 2017 - 13:00

Македонските карате надежи освоија вкупно 30 медали – 9 злата, 9 сребра и 12 бронзи на 18. Балканското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, во Херцег Нови.

Тоа на македонската репрезентација и го донесе второто место по бројот на освоени медали, веднаш зад Турција со 20 медали (10-2-8), а трета е Србија 35 (9-7-19) – златните медали се сметаат како приоритет.

Кумите тимот жени во У-21 го освои златниот медал, а кадетскиот ката тим мажи го освои сребрениот медал, додека кадетските кумите тимови мажи и жени јуниорскио кумите мажи се закитија со бронзи,

Со златни медали се закитија кадетите Марио Свинарски (до 57 кг), Христијан Стојановски (до 63 кг), јуниорите Столе Смилковски (до 55 кг), Фаик Весели (до 61 кг), Доан Османи (до 75 кг), јуниорката до 21 год., Моника Пендаровска (до 55 кг), јуниорката (до 21 год) во кати Мишела Димоска, машкиот и женскиот јуниорски ката-тим (до 21 год).

Сребрени медали освоија: Александар Неделковски, Марија Петровска, Абдурахман Идризи, Марија Димоска, Вероника Костовска, Ангела Мојсовска, Давид Петков, Ангела Мојсовска, Константин Василевски, македонскиот кадетско-јуниорски ката-тим.

Бронзи освоија: Владанка Аврамова, Марко Бунтески, Марија Милева, Јован Васиќ, Филип Несторовски, Кренар Џафери, Ферри Исиќ, Сара Крстевска, Ардит Марку, екипно кадети жени во борби, кадети екипно борби мжи, екипно борби јуниори.

ФОТО: ИПОН.МК

Најново во Други спортови