СЕГА ВЕЌЕ И ОФИЦИЈАЛНО:

Македонија ќе биде домаќин на „фајнал-форот“ во европската лига

ОФМ и машкиот национален тим на 15 и 16 јуни ќе бидат организатори на завршницата во Европската лига 2018

објавено: 8 март 2018 - 15:37

Машката одбојкарска репрезентација и Одбојкарската федерација на Македонија се домаќини на финалниот турнир во Европската лига 2018. Она што беќе најавено уште на почетокот на јануари ја најави кандидатурата, а сега таа доби и официјална потврда.

Македонија на 15 и 16 јуни ќе ги пречека најдобрите четири тимови од ова репрезентативно натпреварување (секако Македонија ќе биде четвртиот учесник, со директно обезбеден пласман).


Како место на одигрување се ставени Арената „Борис Трајковски" и СРЦ „Кале", а во зависност од буџетот со кој ќе располага организаторот ќе се знае каде ќе се одиграат натпреварите.

„Македонија и ОФМ ја добија организацијата на Ф4 турнирот во Европската лига 2018. Нашата апликација доби 'зелено светло' на состанокот на Бордот на ЦЕВ и на 15 и 16 јуни во Скопје ќе ги пречекаме најдобрите екипи од ова натпреварување. Како единствен противкандидат ја имавме Австрија" - потврдува генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

За македонските одбојкари ова ќе биде петто учество во низа во Европската лига, а досега освоија три сребрени медали едноподруго, додека во премиерата завршија на третата позиција.

Најново во Други спортови