ТРОЈЦА МАЖИ И ДВЕ ЖЕНИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ НА СП

Македонија се враќа на светските првенства во куглање

објавено: 11 мај 2018 - 10:30

Димитар Димитровски, Бојан Влаќевски и Борис Бенедик, се тројцата куглари кои ќе ја претставуваат Македонија во машка конкуренција на поединечното Светско првенство во романскиот град Клуж. Станува збор за тројца интернационалци, кои играат за клубови од странство. Натурализираниот Македонец, Бенедик, е поранешен светски првак, а Димитровски и Влаќевски сезонава со успех го носеа дресот на хрватски Медвешчак. СП во Клуж се одржува од 20 до 25 мај.

Димитровски, кој е и претседател на клубот Вардар 2014, без придонес од федерацијата, реши да ја врати Македонија на светската кугларска сцена по пауза од пет години, а откако стигна потврдата за учеството, нашите момци сега треба добро да се подготват.

 

На ова СП ќе учествуваат и две Македонки. Билјана Гаврилова и Тања Трпковска кои идната сезона ќе ги бранат боите на новоформираниот тим ГТЦ Мусандра, ќе бидат нашите претставнички во женска конкуренција. 

Најново во Други спортови