Малата сала во СРЦ "Кале" во Скопје викендов ќе биде домаќин на 42. издание на меѓународниот боречки турнир "Македонски бисер" во организација на Боречката федерација на Македонија.
На манифестацијата е најавено учество на околу 60 борачи од 12 земји (Катар, Кипар, Словачка, Бугарија, Русија, Белорусија, Албанија, Србија, Косово...), додека Македонија за првпат по подолго време ќе има А и Б репрезентација, односно над 20 претставници.
Турнирот е влезен во календарот на Светската боречка федерација, па квалитетот на учесниците, како и борбите се очекува да бидат на високо ниво.