Србија без балканска конкуренција во екипниот дел

Македонија трета и во двете конкуренции

Македонија освои бронзени медали и во двете конкуренци, но без победа, бидејќи ги загубија средбите со Србија и Турција.

објавено: 11 септември 2017 - 12:30

Србите се победници во екипна конкуренција и кај мажите и кај жените конкуренција на Балканското џудо првенство за сениори во Скопје.

Втора е турската репрезентација, а Македонија освои бронзени медали и во двете конкуренци, но без победа, бидејќи ги загубија средбите со Србија и Турција.


Претходно, бронзени медали освоија Берна Шерифовска во категорија 57 килограми и Александра Најдоска во категорија 78 килограми, како Игор Стојаноски во категорија до 100 килограми.
Штета е што не учествуваа најдобрите џудисти од Косово, Србија и Турција. Па така на Балканското имаше 88 натпреварувачи во 14 категории.

Најново во Други спортови