МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ - 2018

Македонија тргнува со 71 спортист кон Тарагона

Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Националните спортски федерации обезбедија учество на 71 спортист кои ќе настапат во 15 спортови.

објавено: 18 јуни 2018 - 12:30

Македонскиот врвен спорт добива нова можност за афирмација и ново докажување со учество на 18. Медитерански игри кои ќе се одржат во Тарагона, во периодот од 20 јуни до 1 јули 2018 година.

Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Националните спортски федерации обезбедија учество на 71 спортист кои ќе настапат во 15 спортови.

Македонската олимписка селекција тргнува за Тарагона на 20 јуни 2018 година, а во Тарагона, македонската репрезентација ќе настапи според следниот распоред на натпревари:
1 Карате од 23 јуни до 24 јуни
2. Ракомет (машка репрезентција ) од 23 јуни до 01 јули
Ракомет (женска репрезентација) од 23 јуни – 30 јули
3. Одбојка (машка репрезентација) од 22 јуни до 01 јули
4. Таеквондо од 28 јуни – 30 јуни
5. Џудо од 27 јуни до 29 јуни
6. Борење од 25 јуни до 27 јуни
7. Спортско стрелаштво од 23 јуни до 24 јуни
8. Стреличарство од 22 јуни – 24 јуни
9. Коњички спортови 27 јуни – 29 јуни
10.Атлетика од 27 јуни – 30 јуни
11.Тенис од 26 јуни – 30 јуни
12.Пинг понг од 26 јуни до 30 јуни
13.Баскет 3х3 од 27 јуни до 29 јуни
14.Бокс од 25 јуни – 30 јуни
15.Веслање од 28 јуни до 30 јуни

Македонија на овие Медитерански игри ќе има бројна спортска селекција, а македонските спортисти ќе имаат прилика да постигнат многу добри спортски резултати, а веруваме дека ќе освојат и неколку медали на овие игри.
Во Тарагона на МИ 2018, ќе настапат следните спортисти (по спортови):

КОШАРКА 3Х3: Даниел Нацевски, Дамјан Робев, Блажо Митков, Андреј Атанасов

КАРАТЕ: Емил Павлов, Ненад Келебиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Ангела Мојсовска, Симона Заборска

ЏУДО: Арбреша Реџепи, Артан Рушити

ПИНГ ПОНГ: Кристијан Станојковски

БОКС: Љуљзим Исмаили

ТАЕКВОНДО: Филип Додевски, Дејан Георгиевски

АТЛЕТИКА: Дарио Ивановски, Дрита Ислами

ВЕСЛАЊЕ: Марјан Влаќески

СТРЕЛИЧАРСТВО: Петар Јаневски

КОЊИЧКИ СПОРТОВИ: Лука Заложник

ОДБОЈКА (мажи): Ѓорѓи Ѓорѓиев, Марко Стошиќ, Никола Ѓеорѓиев, Марјан Урдов, Владо Милев, Александар Љафтов, Иван Андонов, Стојан Илиев, Филип Маџунков, Славе Наков, Васе Михаилов, Дарко Ангеловски

ТЕНИС: Томислав Јотовски

БОРЕЊЕ: Раиф Камбери, Бесмир Веселовски, Магомедгаџи Нуров, Дејан Митров

СТРЕЛАШТВО: Нина Балабан

РАКОМЕТ (жени): Јована Саздовска, Дајана Јовановска, Елена Ѓорѓиевска, Драгана Петковска, Теодора Керамичиева, Јована Мицевска, Матеја Серафимова, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Наташа Нолевска
Сара Ристовска, Душица Ѓорѓиевска, Милица Николиќ, Марија Тасевска, Александра Боризовска, Леонида Гичевска

РАКОМЕТ (мажи): Мартин Томовски, Никола Даниловски, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Филип Кузмановски
Дарко Димитриевски, Мартин Манасков, Горан Крстевски, Ласко Андоноски, Мартин Велковски, Мартин Поповски, Никола Костески, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Филип Чурлевски, Костадин Петров

Најново во Други спортови