ОТКАКО МАШКИОТ КУМИТЕ ТИМ ГО ОСВОИ СЕДМОТО МЕСТО

Македонските каратисти без медал на Светското првенство во Мадрид!

Машкиот кумите тим на Македонија е седмопласиран на Светското првенство кое се одржува во Мадрид, Шпанија.

објавено: 9 ноември 2018 - 16:44

Тимот кој е во состав Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Азиз Исмаил, Петар Заборски, Давид Петков и Емил Павлов, стигна до репасажот каде беше совладан од силната репрезентација на Јапонија со 3:0.

Ова беше последна шанса преку репасажот нашата земја да се закити со медал од СП, ниту еден немавме ниту во поединечна конкуренција.

Претходно во главниот ждреб кумите тимот во 1. коло беше слободен, а во 2. и 3. коло со убедливи 3:0, беше подобар од Израел и Бразил.

Во четвртфиналето, нашите каратисти загубија од финалистот на Планетарниот собир репрезентацијата на Турција со 3:1.

 

Најново во Други спортови