НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЦРНА ГОРА

Македонските пингпонгари финишираа на шестото место

Во четвртфиналето, за жал, двете наши репрезентации беа сопрени од фаворизираните репрезентации на Романија...

објавено: 18 август 2017 - 17:30

Изминатата седмица во Подгорица, се одржа 15. сениорско У21 Балканско Пинг-Понгарско првенство во Подгорица.

Избраници на Селекторот Миле Петрески беа: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски во машка конкуренција, а Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска конкуренција.

Прва попатна станица на нашите репрезентативци беше турнирот Подгорица Опен, кој се одржа викендот пред Балканското првенство а нашите пингпонгари имаа одличен перформанс освојувајќи осум медали во јуниорска и кадетска конкуренција.

Балканското првенство почна со натпреварите во екипна конкуренција, каде што момчињата со победа над Бугарија и девојките со победата над Косово успешно ги минаа групите и се пласираа во четвртфиналето. Во четвртфиналето за жал двете наши репрезентации беа сопрени од фаворизираните репрезентации на Романија, и завршија на шестата позиција.

Во поединечна конкуренција Методиј Бужаровски успеа да влезе во првите 16 играчи каде што загуби од третопласираниот Турчин, Јилмаз Туга, како и во дубл конкуренцијата во која Теодор Кировски и Методиј Бужаровски загубија од првопласираните пинг-понгари од Турција: Гундуз Ибрахим и Јигенлер Абула Талха.

На крајот најуспешна беше репрезентацијата на Турција освојувајќи ги сите златни медаљи на првенството во сите конкуренции.

Следна станица на македонските пингпонгари е Европското првенство за сениори и сениорки кое ќе се одржи во Луксембург во средината на месец септември.

Најново во Други спортови