И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕТСТАВЕНИ УЧЕНИЦИТЕ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Македонското знаме развиорено во Тарагона (ФОТО)

Каратистот Емил Павлов ја предводеше македонската делегација на свеченото отворање на Медитеранските игри во Тарагона. Нашата земја по вторпат е учесник на ова натпреварување, а истото го стартуваше со пораз, вчера одбојкарите беа совладани од Египет. Денеска првите мечеви ќе ги одиграат женската и машката ракометна репрезентација и тоа против Турција. Дамите играат во 12 часот, додека во 16:30 часот е закажан дуелот на машкиот национален тим. 

Откако Петар Јаневски ги мина квалификациите во стреличарство, денеска ќе се натпреварува против Ерикос Костас (ГРЦ) за настап во понатамошните натпревари.

објавено: 23 јуни 2018 - 08:23

Најново во Други спортови