„Фармацевтите“ продолжија силно на Европскиот Клупски Куп.

„МАКСИ“ АЛКАЛОИД: Сигурно до шест „мата“

Во третото коло од Европскиот Клупски Куп, екипата на Алкалоид за противник го имаше тимот на „ValerengaSjakklubb" од Норвешка, и ги оправда очекувањата победувајќи со максимални 6:0...

објавено: 11 октомври 2017 - 13:30

Максимална победа на ШК „Алкалоид" во третото коло од Европскиот Клупски Куп.
Во третото коло екипата на Алкалоид за противник го имаше тимот на „ValerengaSjakklubb" од Норвешка. Алкалоид важеше за голем фаворит во овој дуел и ги оправда очекувањата победувајќи со максимални 6:0.


Најинтересните партии во овој меч се одиграа на првите две табли. На првата Динг Лирен, играјќи со црни фигури, за противник го имаше младиот норвешки талент велемајсторот Tari Aryan. Разликата во квалитет беше очигледна и иако белиот играше солидно сепак, кинескиот велемајстор успеа да го надигра својот помлад противник.

Најдолгата партија во мечот се одигра на втората табла каде што украинскиот велемајстор Павел Елјанов, водејќи ги белите фигури се здоби со предност во отворањето. Со прецизна игра таа предност ја зголеми во средишницата, но во завршницата направи грешка и му дозволи на својот противник да ја изедначи позицијата. На крајот демонстирајќи ја својата техника успеа да ја добие партијата.
На останатите табли играчите на ШК „Алкалоид" без никакви поголеми проблеми ги добија своите партии.
Екипата на „Алкалоид" во четвртото коло ќе се сретне со „Nice Alekhine "од Франција.

Најново во Други спортови