НОВИОТ ПРЕДВОДНИК НА ПЛИВАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Маленко: Новогодишен подарок за пливачите и за пливачките работници ќе биде одблокирање на сметката

Пливачката федерација доби професионално раководство која што ќе биде отворено за сите пливачи и за јавноста и ќе донесе просперитет во овој спорт. Ќе се потрудиме нашите пливачи да ги постигнуваат своите најдобри резутати и да имаат адекватен третман како репрезентативци на Македонија.

објавено: 28 ноември 2017 - 14:45

Пливачката федерација доби професионално раководство која што ќе биде отворено за сите пливачи и за јавноста и ќе донесе просперитет во овој спорт. Ќе се потрудиме нашите пливачи да ги постигнуваат своите најдобри резутати и да имаат адекватен третман како репрезентативци на Македонија, Александар Маленко, новиот претстедател на ПФМ, ја започна прес-конференцијата.

„Професионализација на сите органи и тела на ПФМ, на сите комисии, на Управниот одбор, донесување одлуки што ќе стапуваат во сила веднаш, согласно потребите на пливачките клубови, а во моментнов ги имааме 11 активни. Обезбедување нормални услоеви за тренинг на македонските репрезнетативци.
Последниве 12-13 години пливањето од олимписки поединечен спорт број еден во Македонија, се симна на некое последно скалило. Вина има на повеќе страни. Новогодишен подарок за пливачите и за пливачките работници ќе биде одблокирање на сметката на ПФМ. Повеќе години таа не функционира. Веќе сум во преговори со некои институции и преку одредена правна рамка ќе се одблокира" вели поранешниот пливачки ас.

Програмата е поделена на далечинско и олимписко пливање.

„Македонија првпат ќе добие четири пливачки маратони и националното првенство во далечинско пливање на 2,5 и 5 километри за деца и младинци до 16 години. Охридскиот маратон ќе се одржи на највисоко ниво, ќе има олимписки пливачки маратон на 10 километри, потоа трка на пет километри како квалификации за европско и за светско првенство и 2,5 километарски маратон за деца до 16 години. Македонија ќе биде домаќин на Централноевропското првенство за кадети", вели новиот претседател.

Во ПФМ ќе се воспостават сертификати за тренери, судии и делегати согласно меѓународната соработка со Светската пливачка федерација и ќе се ревидираат стипендиите за млади надежни пливачи во склоп на правилниците на Пливачката федерација на Македонија.

Најново во Други спортови