ЈАПОНЦИТЕ МИСЛАТ НА ИДНИНАТА

Медалите за Токио 2020 ќе се прават од мобилни телефони!

Од Јапонците е побарано да донираат стари мобилни телефони и мали електронски уреди за да се соберат два тона злато, сребро и бронза за 5.000 медали за Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио 2020 година

објавено: 1 февруари 2017 - 17:30

Со овој проект, Јапонците планираат да промовираат еколошка одржливост и намалување на трошоците за Игрите, кои веќе се оптоварени со голем буџет.

„Со овој проект, луѓето од Јапонија ќе учествуваат во креирањето на Олимпијадата. Нашата планета има ограничени ресурси, така што рециклирањето ќе не натера да размислиме за животната околина“, вели спортскиот директор на Токио 2020, поранешниот олимписки шампион во фрлање кладиво, Коџи Мурофуши.

Најново во Други спортови