УТРИНАВА (04.30 ЧАСОТ) СУПЕР СПЕКТАКЛ ВО ЛАС ВЕГАС

Мекгрегор: Тој е полн со вода!

„Тежината не прави разлика" – враќа Мејведер пред нивната историска борба...

 

објавено: 26 август 2017 - 22:00

Она задолжително мерење, беше уште една прилика за делење на провокации на Конор Мекгрегор односно Флојд Мејведер. А во оваа „војна" помеѓу двата големи борци, шампиони во својата „работа", сепак во преден план некако излезе Ирецот, на чија страна, интересно, бше и публиката.

Мерењата покажаа дека Мекгрегор има 69. килограми и дека е скоро два килограми потежок од противникот.

„Тој е полн со вода, тоа е најлошото негово издание кое сум го видел. Јас сум профи, јас имам тежина. Се жртвував за тоа, се одрекнав од многу работи. Тоа е прашање на фокусираност. Спремен сум" – порача УФЦ шампионот.

И не остана сама она тоа...

„Никогаш нема да победи еден Ирец, и тоа е тоа. Лас Вегас е сегаш наш! Флојд ќе биде запрен во четврттата рунда. Ќе видиме колку ќе издржи".

Досега, во 49 професионални борби, Мејведер нема забележано пораз. А Мекгрегор за првпат ќе боксува за што доби и посебна дозвола за тоа, односно лиценца од државата Калифорнија.

„Тежината не победува во борбите. Победува наинот на кој се бориш. Тежината нема да ја направи разликата. Паметете ги добро овие мои зборови. Ова ќе биде последната борба на Мекгрегор во неговата кариера. И навивачите може да се борат и да бидат покрај него. Но јас ќе ги победам и двата противници"-порача боксерскиот шампион во лесна категорија.

Борбата помеѓу Мејведер и Мекгрегор е во ноќта помеѓу сабота и недела, и ќе почне некаде околу 04.30 часот.

Најново во Други спортови